Френсис Нгану го напушти УФЦ пред една година, а една од причините беше што неговиот шеф Дана Вајт и промоцијата не сакаа тој да боксира.
Неколку месеци подоцна Камерунецот потпиша со ПЛФ, а потоа го договори својот прв професионален боксерски меч против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Нгану воодушеви со настапот против Кралот на Ромите на крајот на октомври, без разлика што на крајот загуби со поделена одлука, а следната недела има меч против Ентони Џошуа.
Во тие две борби Френсис ќе заработи 30 милиони долари, што е многу повеќе отколку што му беше гарантирано во новиот договор со УФЦ.
„Имав кариера пред Дана Вајт, а продолжува и по него. Задоволен сум од она што ми се случи во животот. Всушност, благодарен сум на Дана, бидејќи без прекин на нашата соработка денеска немаше да го правам тоа што го сакам“, рече Френсис Нгану и подвлече:
„Работи на свој начин, и мисли дека е во ред. И да беше поинаку, немаше да бидам таму каде што сум денес. Мене ми излезе совршено и нема да се жалам. За крај ќе додадам – јас сум победник“!