Неприкосновениот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се сретна со фудбалската репрезентација на Камерун, чии играчи се познати и како „Непобедливи лавови“. „Предаторот“ се врати во татковината по неговата последна битка.
Френсис на крајот на минатиот месец ја одбрани титулата со победа над поранешен соборец Сирил Гане. Тоа беше последна средба од неговиот договор со УФЦ, но бранејќи ја титулата му го продолжи договорот до крајот на годината.
На својот профил на социјалните мрежи, Френсис рече дека е задоволен од настапот на националниот тим.
„Имав чест да ги посетам нашите непобедливи лавови пред нивниот последен меч. Тие го обезбедија третото место на Купот на африканските нации.
Беше неверојатно патување до полуфиналето, но ние сме многу горди со нашиот тим, кој ни даде таква радост и возбуда. Не го освоивме пехарот, но имаме нов тим полн со ентузијазам и надеж“, напиша Нгану!
Фудбалската репрезентација на Камерун стигна до полуфиналето, но загуби од Египет. Сепак, тие на пенали ја победија Буркина Фасо и така го освоија 3-тото место.