Френсис Нгану сака да боксира против Ентони Џошуа: Тоа би било голем меч

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану ќе ја продолжи MMA кариерата во ПФЛ.

Камерунецот ќе дебитира во новата промоција следната година во категоријата Суперфајт ППГ, каде победникот ќе освои награда од еден милион долари.

И Нгану сака да има барем еден боксерски меч пред да ја продолжи кариерата во ММА.

Неговата голема желба веќе извесно време е борба против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури, а исто така и пресметка со Дионтеј Вајлдер.

Но, се чини дека засега остана без натпревари против споменатите двајца, па продолжи понатаму, таргетирајќи уште еден тешкаш од врвот на светот.

„Разговаравме со Дионтеј Вајлдер, но би сакал да боксирам против Ентони Џошуа“, рече Френсис Нгану и продолжи:

„Еди Херн е запознаен со тоа и ако успееме да ја организираме борбата во Африка, тоа ќе биде голем меч. Џошуа би бил воодушевен. Во Африка се одржаа неколку легендарни мечеви“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON