Френсис Нгану разочаран од откажувањето на мечот меѓу Миочиќ и Џонс

Поранешниот светски шампион на УФЦ, Френсис Нгану, во сабота дебитира во боксерскиот ринг.

Камерунскиот удирач  ќе учествува на настан во Саудиска Арабија против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

На прес-конференцијата пред настапот тој се осврна на откажувањето на борбата меѓу шампионот Џон Џонс и Стипе Миочиќ, која требаше да биде насловна на настанот УФЦ 295 во Њујорк на 11 ноември.

„Тажна вест, навистина сум разочаран. Никогаш не е добро кога спортист ќе се повреди. Се надевам дека Џонс ќе се опорави и ќе се врати на борбите“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Бев многу возбуден поради тој натпревар. Кога ќе се случи такво нешто, не можете никого да обвините. Секому може да му се случи. Не верувам дека е дел од игра“.

Во моментов Предаторот размислува само за судирот со Ромскиот крал.

„Отсекогаш сум сонувал за тоа и сакав да боксирам на големата сцена. Навистина сум среќен што сум дел од тој спектакл“, нагласи Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON