Френсис Нгану присуствуваше на средба на лидерите на САД и Африка во Вашингтон

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се состана со лидерите од САД и Африка на заеднички самит.

Состанокот на Нгану доаѓа во време на разговори за УФЦ да биде домаќин на својот прв настан во Африка, веројатно веќе следната година. Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, размислува за локации за можна борбена карта во Африка.

Целта на самитот САД/Африка во Вашингтон е да се зајакне и прошири партнерството меѓу лидерите на двете страни и нивните народи. Темите на дискусија вклучуваа технологија, иновации и зајакнување на улогите во глобалната економија.

Френсис стана една од најголемите ѕвезди во УФЦ од неговото промотивно деби во 2015 година. Од неговата прва борба во УФЦ заработи бројни нокаут победи во октагонот, вклучително и над поранешните шампиони Стипе Миочиќ, Каин Веласкез и Жуниор дос Сантос.

Нгану ја освои титулата во тешка категорија откако го победи Миочиќ на УФЦ 260 минатата година. Титулата ја одбрани против Сирил Гане на УФЦ 270 во јануари оваа година. Нгану моментално преговара за нов договор со УФЦ, бидејќи ќе стане слободен агент во 2023 година.

Останува да се види дали двете страни ќе се разберат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON