Френсис Нгану: Преговарав за договорот со Дана додека не знаев англиски и немав адвокат

Имаше точно шест недели пред првиот меч против Миочиќ, а на Френсис наводно не му било дадено доволно време да најде адвокат.

Нгану и Дана Вајт се главните ликови на сапунската опера, која веројатно ќе биде актуелна уште многу долго. Френсис е слободен борец веќе речиси еден месец, но во текот на викендот информацијата беше објавена во јавноста и беа откриени повеќе детали за нивната врска.

Во моментот кога беше шампион го напушти УФЦ и сега среќата ќе ја бара на друго место, а по неговото синоќешно гостување кај Ариел Хелвани во „ММА Час“ многу работи станаа појасни. Во оваа прилика тој објасни како бил принуден да го потпише првиот договор со УФЦ уште пред првиот меч против Миочиќ:

„Се беше пред таа прва борба против Стипе. Потоа преговаравме. Во тој момент се преговараше за мојот актуелен договор. Ми требаа околу три години да разберам што е проблемот, но проблемот беше нешто што му го кажав на Дана за време на преговорите“, изјави Нгану за Хелвани.

„Направив голема грешка, немав поим што значи сето тоа во тој момент. Но, мислам дека Дана се почувствува загрозено кога реков дека тоа не е важно и дека сега се фокусираме само на борбата против Стипе. Тоа беше шест недели пред борбата и немав време да најдам менаџер, па потоа се обидов сам. После тоа му реков дека е во ред, дека сега можеме да разговараме, но и дека ќе преговараме пред секоја борба“, додаде Френсис.

„Кога му го кажав тоа… Такво нешто не сакате му кажете на тип како Дана Вајт. Го запознав во Денвер пред мечот со Арловски, не знаев ни англиски. Но, се обидов да му кажам дека кога ќе го освојам појасот сакам да одам во Франција со приватен авион. Ми рече дека нема проблем и дека ќе ми даде се“, заклучи Нгану.

Односот меѓу овие две страни очигледно е многу комплициран и веројатно никогаш нема да се знае точно што и каде се случило. Но, сега Нгану е надвор од УФЦ, па најверојатно ќе продолжиме да слушаме инсајдерски информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON