Френсис Нгану предлага борба со Ентони Џошуа според правилата на ММА

Камерунскиот боксер Френсис Нгану веќе го покани Дионтеј Вајлдер да се бори според правилата на ММА, а сега му ја предложи идејата и на Ентони Џошуа.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија загуби со поделена одлука против Тајсон Фјури во неодамнешно боксерско деби и оттогаш се поврзува со Џошуа и Вајлдер, а актуелен е и реваншот против Фјури.

Џошуа моментално се подготвува за борба на 23 декември против Ото Валин, додека Вајлдер на истиот настан ќе боксира против Џозеф Паркер.

Во едно неодамнешно интервју за подкастот Клуб Шеј Шеј, Нгану се осврна на можна пресметка со Џошуа.

„Можеме да се бориме каде сака – во рингот или октагонот. Добро е што можам да се борам со секого и не ми е важно која арена е. Поудобно ми е во октагонот, но можеме да се бориме и во рингот. Секој противник ќе се чувствува лошо против мене каде и да се бори“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Мојата територија е октагонот и не можат да се шегуваат со мене. Но, ако се појават во него, тогаш ќе мора да покажат нешто. Покажав како можам да се снајдам во рингот и докажав дека мора да бидат максимално подготвени, бидејќи може да се најдат во неволја“.

По мечот со Нгану, Фјури се очекуваше да се бори на 23 декември против Александар Усик, но тој побара одложување, а борбата за апсолутен шампион ќе се одржи на 17 февруари годинава во Саудиска Арабија.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, не беше за евентуален меч меѓу Еј Џеј и Камерунецот, но се чини дека се предомислил по борбата Нгану-Фјури.

Нгану, по разделбата со УФЦ во јануари, ќе се врати во октагонот на ПФЛ следната година. Се уште не е познато дали следниот меч на Френсис ќе биде во рингот или во кафез.

Камерунецот веќе изрази желба за реванш против Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON