Џо Роган смета дека Конор Мек Грегор не може повеќе да биде истиот борец по толку тешка повреда

Најголемата УФЦ ѕвезда Конор Мек Грегор следната година би требало да се врати во октагонот, но прашање е каква ќе биде неговата психичка состојба по тешката повреда.

Во јули 2021 година кон крајот на првата рунда славниот Ирец ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер и оттогаш е на пауза.

Познатиот коментатор на УФЦ Џо Роган смета дека Конор Мек Грегор не може повеќе да биде истиот борец по толку тешка повреда.

Имено, многу спортисти по скршеници и слични повреди не можат да ја имаат истата самодоверба како пред повредата.

„Конор ја скрши потколеницата. Досега ниту еден спортист не се вратил и не бил на исто ниво по толку тешка повреда на ногата. Андерсон Силва е единствениот борец кој се врати и се бореше повеќе натпревари, но не беше истиот“, истакна Џо Роган.

Мек Грегор долго време ја избегнуваше антидопинг програмата на УФЦ, но сега се врати во програмата за тестирање.

Ирецот би требало да им се врати на борбите следната година, а прв противник ќе му биде Мајкл Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО