Френсис Нгану два месеца поминал во затвор во Шпанија (ФОТО)

Кандидатот за титулата во тешка категорија на УНЦ, Френсис Нгану, во последните години мина преку многу премрежија и тешкотии. 33-годишниот Камерунец ја напушти татковината во потрага по подобар живот во Европа. Патувањето на Нгану не беше лесно и рече дека во 2013 година два месеци поминал во затвор. За среќа, „Предаторот“ успеа да стигне во Франција, каде што живеел на улицite, а потоа почнува да тренира и дебитира во ММА.

Останатото е историја. За само неколку години Нгану се проби во УФЦ и сега чека уште една шанса за титулата во најголемата ММА организација во светот. Френсис има скор 15-3 во ММА и сите негови победи се со завршница. Тој е најстрашниот борец во тешка категорија на ММА и веројатно има најсилни удари. Во моментов е во серија од четири последователни победи со нокаут, а последен пат го нокаутира Розенструик, и тоа за 20 секунди минатиот месец. Нгану сподели фотографија од пред 7 години и напиша:

„Годината е 2013-та. Пред 7 години бевме ослободени од шпанските власти, откако минавме два месеци затвор за нелегално влегување во европска земја преку море. Тогаш немав ништо друго освен сон и верба да преживеам.

Некои луѓе секогаш ќе ви речат дека е доцна, дека не можете да го сторите тоа, дека не е наменето за вас. Ќе ви кажат дека не го заслужувате тоа, или дека не можете да успеете без нив (иако животот не им пример за успех).

Тие гласови секогаш зад аголот, за да ве натераат да се откажете од сонот, а можеби и од судбината. Од вас зависи дали ќе дозволите да влијаат на вас. Можете да ги отфрлите или да ги игнорирате негативните околу себе и да го направите тоа на свој начин“.

https://www.instagram.com/p/CBTdUEyHLho/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON