Камерунецот Френсис Нгану за прв пат ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ на почетокот на оваа година.
На настанот УФЦ 270 Предаторот го победи поранешниот соборец Сирил Гане со едногласна одлука на судиите.
Неколку недели по мечот тој замина на операција на коленото, сега се опоравува, а се уште го чекаат преговорите за продолжување на договорот со промоцијата.
Се шпекулира дека УФЦ би можела да организира борба за привремениот шампионски појас до неговото враќање, а најчесто се споменува судирот меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс.
Со победата против Сирил на Френсис автоматски му беше продолжен договорот за една година, а во последното интервју изјави дека се надева дека ќе настапи барем уште еднаш до крајот на тој период.
„Подобро е, опоравувањето оди добро. Поминаа три месеци и сè уште одам на физикална терапија. Ако се биде добро, ќе се вратам до крајот на годината. Сакам да се борам во декември или на почетокот на следната година“ – изјави Френсис Нгану, а тој и понатаму цврсто стои зад своите барања кои мора да се најдат во новиот договор со УФЦ.
Освен поголема плата, шампионот сака да има можност и да боксира. Френсис Нгану сака да боксира против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Но, тој не се откажува од ММА и се уште не размислува за можен следен противник.
„Првата работа што сакам е да се договорам со УФЦ и да потпишам нов договор. Кога ќе бидам блиску до враќање, тогаш ќе видиме кој би можел да биде мојот следен противник“, подвлече Френсис Нгану.