Френсис Нгану оди во ПФЛ?

Френсис Нгану се бореше да најде исполнување откако го напушти УФЦ.

Стана првиот шампион кој го раскина договорот со најголемата ММА организација во светот, во знак на протест поради работните услови на борците таму, уверен дека неговиот статус ќе ја отвори вратата за големи борби во бокс или други ММА организации.

За жал, досега само видовме како една по друга се намалуваат разните можности пред него, а се разбира, главната причина се нереалните барања на Камерунецот.

Сепак, новинарот Ариел Хелвани разговараше со Нгану и рече дека се работи на некоја голема работа, најверојатно со ПФЛ.

„Френсис е многу блиску до потпишување на нов договор со уште една промоција. Тој беше многу категоричен за тоа“, рече Хелвани. „Изгледа причината поради која работите не му успеаја со ОНЕ беше затоа што му дал збор на друг промотер“.

Хелвани додаде дека Нгану би можел да потпише некаде оваа недела и верува дека Ситјодтонг се обидува да го спаси својот имиџ со изјавата.

„Мислам дека Ситјодтонг го направи стариот ПР потег, при што преурануваш настаните и ја кажуваш својата страна од приказната и правиш да изгледа дека си направил сè, но другата страна се шегувала“, рече Хелвани.

Па каде се движи поранешниот шампион? Хелвани не е сигурен, но верува дека ПФЛ е фаворит врз основа на неговите разговори со Нгану.

„Мислев дека е навистина интересно кога го прашав Нгану за ПФЛ, тоа беше она што навистина го зпали“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО