Френсис Нгану одговори на предизвикот од Фјури

Френсис Нгану е повеќе од подготвен да се бори со Тајсон Фјури. Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ викендов во Калифорнија. Нокаут машината од Камерун ги негираше критичарите и го победи Сирил Гане, иако беше аутсајдер.

„Предаторот“ ја направи последната борба од договорот со УФЦ. За жал, тој е врзан, бидејќи одбраната на титулата го обврзува да направи уште една битка под знамето на УФЦ. Френсис не сака да потпише со УФЦ и има големи барања.

Тој сака Дана Вајт и компанија драстично да му ја покачат платата и нема да се бори за 500 или 600 илјади. Токму на тој начин го оддалечи Нгану од битката со Сирил Гане.

Фјури му честиташе на Нгану и го повика да влезе во боксот ако сака големи пари. Нгану на социјалните мрежи објави постер за броба меѓу него и Тајсон, на кој се гледа дека ја прифаќа понудата на легендарниот боксер.

За жал, мали се шансите УФЦ да му дозволи таква битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON