Френсис Нгану навести дека ќе го напушти УФЦ!

Френсис Нгану навести дека ќе го напушти УФЦ.

Шампионот во тешка категорија изјави дека наскоро ќе започне нова кариера. Нгану моментално тренира напорно за да се врати на боречките спортови. Тој беше опериран на коленото, а сега е излечен. Меѓутоа, има еден проблем, а тоа лежи во фактот дека „Предаторот“ сè уште не потпишал повторно со УФЦ.

Договорот на Нгану истекува на почетокот на 2023 година. Тој вепрува рацете кон УФЦ и бара да му дозволат да се бори во бокс. Дана Вајт е во тешка положба, бидејќи ако дозволи Нгану да боксира, тогаш сите ќе сакаат да бидат на боксерски натпревари.

„Тоа е ново поглавје. Започнувам нова кариера. Мојата втора кариера започнува наскоро”, изјави Нгану на социјалните мрежи.

Во интервју за ЕСПН Вајт рече дека се блиску до договор со Нгану.

„Мислам дека се движиме во вистинската насока. Нема сомнение дека Нгану треба да биде во УФЦ и тука да го заврши своето наследство. Блиску сме до нов договор. Тоа е мојата филозофија.

Даваме се од себе да ги задржиме оние што ни се потребни. Но, исто така е точно дека ако не сакате да останете со нас, ниту ние нема да се обидеме. Ова не е негативно. Едноставно или сме заедно или не сме“, ја цитира ЕСПН изјавата на Вајт.

Се чини дека Нгану нема да остане во УФЦ ако му бидат одбиени боксерските натпревари. Ако УФЦ тргне во боксерската кариера на Нгану, тогаш тие ќе сакаат % од неговата заработка, како што тоа го направија со Конор Мек Грегор во борбата со Флојд Мејведер.

Нгану сега има 36 години. Сега е време да ги заработи големите пари, а во УФЦ не му дадоа такви пари. Претходно во годината, тој заработи скромни 600.000 долари за победата над Сирил Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON