Поранешниот светски шампион во бокс, 58-годишниот Мајк Тајсон ќе се врати во рингот на 15 ноември во Далас, а противник ќе му биде 30 години помладиот јутјубер Џејк Пол.
Многумина сметаат дека овој меч нема смисла пред се поради големата разлика во години, која на Пол му дава огромна предност во однос на легендата.
Но, има и такви кои веруваат дека Ајрон Мајк е сепак многу опасен, а еден од нив е и поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.
Камерунскиот удирач гостуваше во подкастот на Џејк Пол и и порача на поранешната ѕвезда на Дизни дека нема добро да се забавува во рингот против Мајк Тајсон.
„Го видов Тајсон како се движи додека ми покажуваше некои трикови. Сè уште го има во себе. Мајк ќе те победи на кој било начин. Еј, зборуваме за Мајк Тајсон, тој е нешто без преседан – супермен. Ќе те скрши“, истакна Френсис Нгану, на што Џејк Пол додаде:
„Ми се допаѓа кога кај луѓето се развива желба за бизнис. И ми се допаѓа кога велат дека ќе загубат. Тоа е одлично за мене, Френсис Нгану рече дека Мајк Тајсон ќе ме нокаутира“.