Френсис Нгану ја покажа мизеријата во која живеел во Камерун

Френсис Нгану ги покажа мизерните услови за живот што ги водел во Камерун. Шампионот на УФЦ во тешка категорија имаше тешко детство и тоа не е тајна. Од рана возраст, Нгану почнал да работи во ископите за песок за да му помогне на семејството.

„Предаторот“ нешто подоцна овој месец ќе има голем тест, односно ќе се бори со Сирил Гане. Тие ќе ја предводат главната борба на УФЦ 270 која ќе се одржи во Калифорнија. Нгану и Гане се поранешни соборци и долго време тренираа заедно со тренер во Париз.

Френсис живеел на улиците на Франција, но имал многу среќа и денес е на врвот. До денес, тој заработил над 2.737.500 долари за 7 години во УФЦ. Нгану верува дека не е доволно платен и нема намера да го продолжи договорот со УФЦ.

На социјалните мрежи Нгану ја покажа кујната во неговата куќа во Камерун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО