Френсис Нгану: Имам уште најмалку 5 години во спортот

Френсис Нгану не планира да го следи неодамнешниот совет на Кaртис Блејдс да се повлече од мешаните боречки вештини (ММА).

Блејдс, двократен противник на Нгану, неодамна му предложи на Френсис да се повлече од ММА и да ги искористи другите можности надвор од УФЦ, особено боксерскиот меч со Тајсон Фјури. Таквата битка финансиски ќе ја обезбеди камерунската ѕвезда доживотно.

„Предаторот“ има договор со УФЦ до крајот на годината и се уште не сака да потпише. Шампионот во тешка категорија сака повеќе пари, но и боксерски меч против Фјури. Дaна Вајт се повлекува, но речиси сигурно ќе се согласи со условите што ги сака Нгану.

И додека Кaртис го советува Нгану да земе 40 милиони во боксот и да се повлече од ММА, Нгану има други планови.

„Туку што почнувам, брат! Имам уште најмалку 5 години да освојам се”, напиша Нгану на Твитер.

До денес, Нгану има скор од 17-3 во ММА и серија од 6 последователни победи. Тој има 35 години и уште 5 години во спортот изгледаат сосема реално, доколку нема сериозна повреда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON