Френсис Нгану голем фаворит на средбата со Розенструик

Френсис Нгану конечно си пронајде противник со кого ќе се бори, а тоа е опасниот Жаирзињо Розенструик во главната битка на УФЦ Фајт најт 172 на 28 март во Охајо.

Нгану е во серија од три последователни победи со нокаут во првата рунда, а борбите му завршуваа за секунди.

Ист е случајот и со Розенструик, кој сè уште нема пораз во ММА и има скор 9-0 во кафезот. Тој е во серија од четири последователни победи со нокаутот во УФЦ и верува дека може да победи. За жал, букмејкерите не го делат истото мислење и му даваат на Камерунецот значителна предност во своите коефициенти.

Еве ги коефициентите:

Коефициент за победа на Нгану е 1,29 / -350

Коефициент за победа на Розенструик е 3,75 / +275

https://www.instagram.com/p/B6FGP_FHCUb/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON