Франсис Нгану верува дека значително се подобрил пред втората борба со Стипе Миочиќ. 34-годишното чудовиште од Камерун влегува во борба за титулата во тешка категорија. „Предаторот“ ќе се бори со Миочиќ на крајот на месецот во Лас Вегас на УФЦ 260. Френсис повторно е во серија победи со тежок нокаут и пред една година за 20 секунди го нокаутира Розенструик.
Во 3 од последните 4 победи, Нгану освои бонус за брутален нокаут. Пред три години ја видовме нивната прва борба, во која Нгану повторно беше фаворит. Тој во тоа време имаше премногу самодоверба, а во кафезот Миочиќ успеа да доминира над него и со одлука да ја одбрани титулата. Сега сè е поинаку и Нгану ќе даде се од себе во битката.
На својот профил на социјалните мрежи Нгану рече дека е подготвен да влезе во длабоките води со Миочиќ. Во својот агол, Френсис ќе може да смета на Камару Усман, кој е шампион во полусредна категорија.