Френсис Нгану е подготвен да се раздели со титулата на УФЦ

Френсис Нгану е подготвен да се раздели со титулата на УФЦ во тешка категорија. 35-годишниот Камерунец минатиот месец го одбрани појасот со победата над Сирил Гане. Предаторот влезе во серија од 6 последователни победи.

Нгану ја направи последната борба од договорот со УФЦ и сега само титулата го задржува во организацијата. Тој е должен да остане до крајот на 2022 година, но ако му ја одземат титулата, тогаш веднаш е слободен борец.

На Нгану се очекува во наредните недели да му биде извршена операција на коленото. Неговото опоравување ќе трае околу 9 месеци и не е познато дали годинава ќе се бори.

Во интервју за Ариел Хелвани, Нгану рече дека е подготвен да се раздели со појасот, бидејќи тоа не го прави шампион.

„Не, не ме загрижува тоа, бидејќи на крајот на краиштата тоа е само појас, нели? Ќе станам слободен борец штом ќе ми ја одземат титулата. Го заслужив овој појас, но тоа не ме прави шампион.

Со или без појаост се уште сум шампион. Значи, да бидеме свесни за тоа. Ништо нема да го промени мојот шампионски статус во тешка категорија“, рече Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON