Френсис Нгану е аутсајдер на средбата со Сирил Гане

Кон крајот на јуни Френсис Нгану беше фаворит во битката со Сирил Гане, но тоа повеќе не е случај.

Изминатиов викенд во Тексас Гане го победи Дерик Луис и на тој начин постигна нешто што Нгану не успеа пред години.

Сирил ја освои привремената титула во тешка категорија и остана непоразен во кафезот. Нгану и Гане се познаваат многу добро и заедно тренираа во Франција ка ист тренер. Оваа година Гане покажа голема класа и забележа три последователни победи.

Сега ќе чека битка за обединување на појасите со Нгану, а обложувалниците го одредија како благ фаворит. Френсис е во серија од пет последователни нокаут победи. Има многу сила во рацете, но истото може да се каже и за Луис.

Сирил успеа целосно да го затвори Дерик и му зададе уште многу удари. Но, се очекува голема битка помеѓу двајца поранешни соборци.

Ова се нивните шанси според обложувалниците:

Шансите за победа на Сирил Гане – 1. 77 / – 130 /

Шансите за победа на Френсис Нгану – 2. 10 / + 110 /

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON