Френк Ворен верува дека Џо Џојс би го нокаутирал Џошуа

Тешкашот Џо Џојс викендов боксира во Лондон против Кинезот Жанг Жилеи и го брани појасот на привремен шампион на ВБО.

Џојс е голем фаворит во дуелот против Жилеи, кој лани во август со судиска одлука загуби од Филип Хрговиќ.

Непоразениот Британец извојува 15 победи во кариерата, од кои 14 завршија со нокаут. И неговиот промотор Френк Ворен истакнува дека тој е опасен удирач.

„Џојс ќе го нокаутира Џошуа штом ќе го фати, ќе помине низ него. Ако тимот на Џошуа побара меч со Џојс, тоа ќе го направиме веднаш“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Џо е предизвикувач на ВБО за шампионот и ако Ентони сака да се бори за тоа место, со задоволство ќе му дадеме шанса. А Џојс сака да се бори со Џошуа. Нека Еј Џеј гледа снимки од некои борби на Џо, ако сака да ја врати довербата. Во споредба со Џојс, Џошуа воопшто не напредувал од неговите аматерски денови“.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, тешко дека во овој момент би договорил меч против Џојс за Еј Џеј, бидејќи тоа е голем ризик за неговиот боксер.

Сопственикот на Мечрум сака да му најде полесен противник на Ентони со што победата дополнително ќе му ја подобри самодовербата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON