Љубителите на боксот со нетрпение ја чекаат борбата на двајцата врвни британски тешкаши, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа, која ќе се одржи на 21 септември на распродадениот Вембли.
И двајцата се опоравија од поразите и со серија победи најдоа добра форма и со право се надеваат на нов успех. Дубоа на овој меч ќе го брани шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија.
И промоторот на Даниел, Френк Ворен, цврсто стои до својот борец и верува дека Дубоа има сила и вештина да го совлада Еј Џеј во 12 рунди.
„И двајцата се одлични борци кои извојуваа големи и вредни победи во последните неколку натпревари, но противниците на Даниел беа подобри од оние на Еј Џеј“, рече Френк Ворен и додаде:
„Дубоа е млад човек на 26 години и влегува во рингот со момче кое веќе многу пати се докажало, Еј Џеј е поранешен двократен светски шампион кој ќе се обиде да го направи тоа по трет пат“.
Ворен истакнува дека Џошуа е поискусен, а Дубоа поупорен.
„Значи, Џошуа има повеќе искуство, но доаѓа времето на упорни млади луѓе. Верувам дека Даниел ја игра својата игра и на крајот ќе излезе како победник“, рече Френк Ворен и подвлече:
„Се сомневам дека мечот ќе заврши нерешено, бидејќи никој нема да држи дистанца. Кој ќе се обиде да се бори со одбрана нема да помине добро. Ќе победи тој што повеќе ќе го притисне противникот, а тоа верувајте го може Даниел“.