Боксерскиот промотер Френк Ворен го предложи Даниел Дубоа како потенцијален противник на Ентони Џошуа.
Имено, според повеќе извори, мечот помеѓу Еј Џеј и Дионтеј Вајлдер, кој беше планиран да биде договорен за почетокот на следната година, нема да се одржи.
Промотерот на Џошуа, Еди Херн неодамна го откри планот Б, а како потенцијални противници на Ентони ги спомена Филип Хрговиќ и Енди Руиз.
Но, Ворен верува дека Дубоа би бил идеален противник за Џошуа.
Даниел Дубоа минатиот месец се бореше со Александар Усик за светската титула во Полска и загуби со нокаут во деветтата рунда.
Френк Ворен во изјава за ТВ ИФЛ истакна дека Дубоа би бил голем противник за Џошуа доколку не договори меч против Вајлдер.
„Британците би биле воодушевени од таа борба. Луѓето би купиле билети за да видат кој е подобар удирач и кој има поголемо срце, Ентони Џошуа или Даниел Дубоа?“, вели Френк Ворен и додава:
„Нивната борба ќе го распродаде стадионот. Не може да се каже дека тоа нема да се случи. Билетите би се продале добро, бидејќи тоа е голема борба“.