Френк Ворен: Мечот Фјури против Џошуа е поголем од борбата со Усик!

Долго време се зборуваше за меч за апсолутeн шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик, но се заврши во ќорсокак, а боксерскиот свет остана без голема борба.

Украинскиот борец се согласи на речиси сите барања на Фјури, дури и на најчувствителното каде хонорарот требаше да биде поделен со 70-30 во корист на Џипси Кинг.

Фјури продолжи со своите барања, а Усик реши да ги прекине преговорите и да се сврти кон нови предизвици.

Украинецот сега најверојатно ќе се бори со Британецот Даниел Дубоа, носителот на титулата во ВБА (регуларна) и следниот задолжителен предизвикувач.

Меѓутоа, доколку Дубоа не е подготвен за мечот, тогаш во игра би можел да скокне Филип Хрговиќ, првиот на листата на предизвикувачи на ИБФ.

А кои се плановите на Фјури? Следен противник ќе му биде Џо Џојс или ќе го чека Ентони Џошуа?

„Не знам дали ќе се случи таа борба, тоа одлучува Тајсон. Не ми е гајле, последниот збор го има Фјури. Ќе видиме што ќе направи Џошуа против Френклин следниот викенд. Мечот Фјури против Џошуа е поголем од борбата со Усик!, рече Френк Ворен, а потоа додаде:

„Борбите на Тајсон во САД и во Велика Британија донесоа повеќе од три милиони претплатници и ППГ. Борбата против Дилиен Вајт беше најзаработувачката поединечна борба во Велика Британија. Повеќе од мечот меѓу Усик и Џошуа, тоа е факт. Тајсон носи голема вредност. Боксерите кои се борат со него заработуваат огромни пари, многу повеќе од Канело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON