Белатор го зајакна списокот со уште еден поранешен шампион на УФЦ.
Френк Мир ги договори условите со промоцијата, а службената објава се чека наредните денови.
38-годишниот тешекаш минатиот месец доби раскин на договорт со УФЦ.
Мир по поразот од Марк Хант во март 2016 година беше позитивен на допинг тестот и во моментов е суспендиран до април 2018 година.
Има скор од 18 победи и 11 порази, а само две борби одработи надвор од УФЦ, последната пред 16 години.
Ги порази Кро Коп, Брок Леснар, Рој Нелсон и два пати Минотаур Ножеира.