Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френк Мир, ќе треба да изгуби многу тежина ако сака повторно да се натпреварува. Се чини дека не е заинтересиран за неговата тежина и претпочита да јаде наместо да гладува и да се бори во кафезот. Френк го посети ресторанот „Харт грил атак“ во Вегас и си порача „Octuple Bypass Burger” со 20.000 калории.
Мир не се справи со предизвик и изјави дека изгубил со завршница на тој импресивен бургер. 40-годишниот борец има скор 19-13 во ММА, а минатиот октомври со одлука на судиите го совлада Рој Нелсон, со што ја прекина серијата од четири последователни порази. Френк победи само во три од последните 11 борби во кафезот, а не е јасно дали повторно ќе го видиме во октагонот на Белатор.