Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френк Мир, ќе стане дел од „Куќата на славните на УФЦ“, а веста му беше соопштена лично од претседателот на организацијата, Дана Вајт.
„Да бидеш оценет за труд, отсекогаш било нешто страшно“, изјави Мир.
„Факт е дека сум роден и израснат во Вегас, моите деца и домот мој е тука. Немам намера да одам никаде на друго место. Многу се радувам дека токму тука оставив трага и имам такво признание од место кое го ценам и го сакам“.
36-годишниот Мир кој има скор 18-10, ќе се врати во октагонот на УФЦ Фајт најт 85 против Марк Хант на 20 март во Австралија.