Поранешниот шампион во тешката категорија на УФЦ, Френк Мир, е суспендиран две години поради позитивен допинг тест по мечот со Марк Хант на УФЦ Фајт најт 85 минатата година.
37-годишниот Мирдаде позитивна мостра на DHCMT на 8 април 2016 година, а казната почна да му тече од тогаш. Тоа значи дека можеме да го видиме во кафезот отприлика за 11 месеци.
ММА ветеранот за прв пат даде даде позитивен допинг тест. Според Мир, причина за нарушените резултати е загадено месо од кенгур.
Мир пред време изјави дека ако добие двегодишна казна, најверојатно ќе се повлече од спортот. Ако се уште со истото мислење, последната битка која беше поразен со нокаут во првата рунда од Хант, ќе биде последната за ветеранот.