Френк Чамизо тргна во потрага по олимписка норма изминатиот викенд во Баку.
Контроверзното судење го остави на само чекор до квотата, се соочи со претставник на домаќините во полуфинална пресметка на турнирот. Во која загуби со 8-8 технички поени.
Денеска се појавија откритија во кои Чамизо вели дека некој од азербејџанскиот штаб се обидел да му даде 300.000 долари за да загуби.
Од друга страна, Италијанската федерација за борење поднесе жалба.
„Обединетото светско борење доби официјална жалба од Италијанската боречка федерација (ФИЈЛКАМ) во врска со полуфиналето до 74 килограми на Европскиот Квалификатор за ОГ во Баку, април, помеѓу Френк Чамизо (ИТА) и Туран Бајрамов (АЗЕ)“, се наведува во објавата на ОСБ (UWW) и притоа се нагласува:
„ОСБ има непоколеблива посветеност на интегритетот на борењето и веќе го доби извештајот од своето судиско тело, како и од судиските делегати на натпреварот. Сите дејствија на натпреварите, судиските одлуки и предизвици ќе бидат внимателно и независно разгледани за да се утврдат сите одговорности и да се преземат неопходни и соодветни санкции. Сите други изјави дадени околу овој натпревар и интегритетот на сите инволвирани поединци, исто така, ќе бидат предмет на истрага од страна на ОСБ.
Чамизо и Бајрамов се бореа во полуфиналето до 74 килограми во Баку, а Бајрамов победи со 8-8 за да се квалификува Азербејџан за Олимписките игри во Париз 2024 година.