Френк Бруно се пензионира пред 20 години по вториот пораз од Мајк Тајсон.
Поранешниот ВБЦ шампион во годините потоа имаше големи проблеми со менталното здравје. Се бори со тешка депресија, а во 2003 година му беше дијагностицирано биполарно нарушување.
И покрај проблемите со менталното здравје, телото се уште не го издало Бруно и изгледа дека е во одлична форма. Минатата недела објави фотографии од тренингот со поранешниот светски шампион Рики Хатон, кој е исто како Бруно со ментални проблеми, а имаше проблеми и со алкохолот и дрогата.
https://youtu.be/BojkoUqzkRE
Бруно 954 г.) за ИТВ изјави дека е подготвен да се врати во рингот. Тој рече дека мора да ја потроши целата енергија што ја има и повторно да почне да боксира.
“Цело време сум во сала, затоа сакам да се вратам во боксот. Му се враќам на боксот“.
На прашање на новинарите дали е тоа добра идеја, тој одговорил: „Јас немам избор. Тренирам секој ден“.
Сепак, со оглед на возраста и на проблемите тешко е да се очекува дека Британски боксинг борд за контрола ќе му даде дозвола за настап.