Карл Фремптон (23-0, 14 КО) ја освои ВБА титулата во перолесна категорија победувајќи гп шампионот Лео Санта Круз во Бруклин.
29-годишно момче од Белфаст стана прв боксер од Северна Ирска кој освои светска титула во две тежински категории.
Фремптон славеше со мнозинска одлука на судиите – 117-112, 116-112 и 114-114, со што му го нанесе првиот пораз во кариерата на Мексиканецот (32-1-1, 18 КО).
“Сакав да бидам во борба која луѓето ќе ја паметат“, рече Фремптон, одржувајќи го ветувањето дека ќе ги шокира гледачите.
Тоа беше неговата прва борба во перолесна категорија откако ја подигна во тежината по обединување на титулите во ИБФ и ВБА во супербантам против Скот Квиг во февруари.
Тој и неговиот тим реши радо да ја зголемат тежината отколку да се „цеди“ на 55,3 килограми за борба со Гилермо Ригондо, која ВБА одреди да се одржи најдоцна до јули. Покрај тоа, неговиот менаџер Бери Мек Џуиган отворено призна дека тие не се заинтересирани во оваа борба. Кубанецот или кој и да ги води неговите социјални мрежи испрати честитки до Фремптон по победата и испрати нов предизвик.
“Се надевам дека можеме да ги решиме нашите несогласувања. Подготвен сум да патуваат во твојот роден град и да го направиме тоа таму“, беше напишано на профилот на Кубанецот на Твитер.
Како и на Санта Круз пред него, ниту на Фремптон не му се влегува во ринг со Ригондо.
„Рдао би се борел со кого било. Искрено. Би се борел против кого било. Но, сакам да учествуваат во возбудлив борби. Бев на борба со Скот Квиг која помалку беше срање. Не сакаат да бидат вклучен во борбата со Ригондо која ќе биде за никаде. Луѓето ќе почнат да мислат дека сум здодевен и повеќе нема да и се допаѓам“, рече Фремптон.
Таа борба би му донела престиж. Но, боксерот од Белфаст вели дека престижот не е единствената важна работа во боксот.
„Тоа е важна работа и мислам дека боксерите не зборува за неа. Имам млада фамилија. Дома имам две мали деца и жена. Сакам да бидам финансиски награден, затоа што ова е кратка кариера. Јас имам 29 години. Ми останаа уште неколку години. Сакам да живеам пристојно по боксот. Риго не носи пари на масата. Едноставно е така. Тој е неверојатен борец. Сакам да бидам искрен. Тој не носи пари“.
https://youtu.be/mKWBNMXF4eo