Најуспешна нација на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, е Франција со вкупно освоени 19 медали (7 златни-5 сребрени – 7 бронзени), а Македонија е на деветото место со четири освоени медали (1-1-3). Вероника Костовска го освои златниот медал, Петар Заборски сребрениот, а Моника Пендаровска и Сара Радичевска се закитија со бронзени медали.
На првенството учествуваа 995 натпреварувачи од 48 земји од Европа.
Ранг листа на најуспешните репрезентцаии:
земја златен сребрен бронзен вкупно
1.Франција 7 5 7 19
2.Италија 7 3 6 16
3.Турција 6 2 4 12
4.Шпанија 2 1 4 7
5.Швајцарија 2 1 2 5
6.Словачка 1 4 3 8
7.Хрватска 1 3 6 10
8.Б и Х 1 2 3 6
9.Македонија 1 1 2 4
10.Данска 1 1 1 3