Франко Фалчинели е избран за привремен претседател на Светската боксерска федерација (АИБА).
Петнаесет од седумнаесетте членови на Извршниот одбор на организацијата за аматерски бокс гласаа за таа одлука која е на сила додека Дисциплинската комисија не донесе одлука во случај на суспендираниот претседател Чинг-Ку Ву.
Ву беше суспендиран во средата поради наводите за финансиски малверзации и судски постапки што ги водеа спротивните фракции во Светската боксерска федерација.
Фалчинели е поранешен претседател на Италијанската боксерска федерација.