Пјер Луд, 22-годишен француски ММА борец, се самоуби неколку недели пред неговиот 23-ти роденден и следната борба во кафезот. Пјер во неделата беше пронајден во неговиот стан со смртоносна прострелна рана од службеното оружје.
Тој беше добар ММА борец и член на француската национална полиција. Несомнено самоубиство е 1 од 9 во националната полиција од 1 јануари. Луд тргна по стапките на својот татко и стана полицаец, по што го следеше сонот да биде ММА борец.
Неговата иднина беше светла во светот на ММА. Пјер имаше само еден пораз во аматерската и професионалната кариера. Повеќето од неговите победи беа со завршница и технички нокаут.
ММА борецот со скор од 6-1 требаше повторно да се бори по последната победа во 2019 година на 26 февруари против Антоан Хидрио на Хексагон ММА 3 во Ремс, Франција – девет дена пред неговиот роденден.