Форца од Скопје по бројот на златни медали (седум) е второпласирана екипа на Меѓунардониот карате турнир „Никон опен“ во Софија-Бугарија, веднаш зад домаќинот Никон со 12 први места.
Инаку Форца освои 14 медали од (7 златни, 3 сребрени и 4 бронзени). Први места освоија Дурата Мемети (2008-кати, 3 макивара), Фехми Весели (2008-кати), Марија Бунтеска (2006-кати), Сухејб Весели (2006-кати), Марко Бунтески (2002-ката), Јасин Османи (2004,-40 кг) и во екипна конкуренција-кумите (Сајра Морина, Верона Ајдини и Вјолца Гафури).
Второпласирани се: Јелда Имери (кати), Сајра Морина (кадет, + 54кг) и екипно- машки (Амел, Феми и Јетон).
Трети се: Јелда Имери (кумите), Амел Весели (кати), Јетон Рамадани (кати) и Јусра Адеми (кумите).
КК Тигар 2003 Тетово настапи со четворица натпреварувачи во борби: Симона Симовска кадети +54- прво место; Дора Сибиновска јуниори -55 – трето; Никола Милевски и Михаела Мишовска останаа без пласман.
Ермир Мурати од Цветан Димов со три победи во конкуренција на 16 натпреварувачи од Бугарија, Македонија, Србија, БИХ, Турција и Романија е втор.
Ipon.mk/В. Д.