Форман: Штом си ја вратив титулата по 20 години, значи и Џошуа може да го направи тоа

Легендарниот светски шампион во тешка категорија Џорџ Форман го смирува Ентони Џошуа кој беше нокаутиран од Енди Руиз – Јуниор во борбата за три од појасите. Средбата на 1 јуни беше најголемото изненадување во последниве години. Се очекува дека до крајот на 2019 година ќе има реванш.

„И јас бев шокиран, како и сите, кога Руиз го доби Џошуа. Верувам дека Ентони ќе се врати. И ќе биде уште посилен. Кога си шампион во тешка категорија и ќе ја изгубиш титулата, чувствуваш како си го загубил не само појасот, но и нешто од себе. потоа треба да се преоткриваш самиот себе. Ако бев на местото на Џошуа, немаше да брзам со реваншот. Не мислам дека треба да се победи во 2019-та. Најдобро е да се почне од почеток. Штом успеав да си го врати шампионскиот појас по 20 години, и Џошуа ќе може“, рече Форман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON