Според магазинот „Форбс”, најбогатиот спортист за 2018 година е американскиот боксер Флојд Мејведер (41).
Во рок од 12 минути Мејведер успеа да заработи 285 милиони долари. Износот го надминува богатството на фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Во текот на својата професионална кариера, Флојд има 50 борби, и е без пораз и нерешен меч, 27 ги завршил со нокаут.
Изминатиот период се шпекулира дека е можно Американецот следната година на 4. мај во Грозни да ги одмери силите против УФЦ светскиот шампион, Хабиб Нурмагомедов.
И оваа борба има една цел – да се заработат што повеќе пари за кратко време. Мејведер своето богатство ќе го зголеми на Нова година во Јапонија, каде што ќе има езебициски меч со кикбоксерот Теншин Насукава.