Флојд Мејведер веќе ги преброи парите од натпреварот што беше со Мани Пакијао. Американецот се пофали во интервју дека сумата е меѓу 275 и 276 милиони долари. Тоа е апсолутен рекорд во историјата, не само на боксот, но и на сите други спортови. Вкупните приходи од шоуто се околу 500.000 долари.
„Кога почнав да се боксирам, никој не правеше ни приближно толку пари. Ниту ние, помалите боксери, ниту дури во тешките категории. Сега веќе сите почнуваат да добиваат добри пари“, коментира Мејведер.
Флојд Мејведер се пошегува со својот стар ривал Оскар де ла Хоја, кој ја прекина кариерата. Златното момче беше последен противник кој му создаде сериозни проблеми на Флојд. Мејведер победи во нивната меѓусебна средба со 2:1.
„Подготвен сум да се борам со Флојд во септември, ако е подготвен и тој“, се пошегува ѕвездата.
Де ла Хоја веднаш возврати дека за ништо на светот не би се вратил во рингот.
Следниот меч на Мејведер сигурно е на 12 септември. Уште не се знае неговиот ривал.
https://youtu.be/IqcRZ3K2iBg