Флојд се премисли: Ќе има борба со Насукава, но без ножни удари (ВИДЕО)

Боксерската легенда Флојд Мејведер очигледно ја промени својата одлука и ќе се бори против Теншин Насукава. Пред неколку недели двајцата застанаа лице в лице на прес-конференција, на која Ризин официјално ја најави борбата, но кога Флојд се прибра во САД рече дека бил заведен и нема да се бори против непоразениот феномен Насукава.

Сега, сепак, во интервју за ТМЗ Американецот повторно тврди дека битката ќе се случи, но без да се користат ножни удари.

„Не, борбата нема да е официјална. Тоа ќе биде едно кратко шоу, кое ќе биде за околу 9 минути. Тоа без сомнение, ќе е највисокоплатениот упад во рингот некогаш направен. Само од рекламата на овој настан до моментов ја поминува 7 цифрената сума. Само од разговори за овој настан – направив луди пари. Луѓето зборуваат дека се борам, бидејќи ми требаат пари, но не е така. Бил Гејтс, Ворен Бафер, Опра Винфри имаат многу пари, но сепак го работат и заработуваат пари.

Самата борба ќе биде кратка показна на рингот без никакви удари со нога. Ќе се подвижам на рингот со тоа момче околу 9 минути и се разбира тоа ќе биде највисоко платениот показен меч што некогаш е направен. Може и да сум пензиониран боксер, но се уште се шетам насекаде по светот и правам еден куп пари“, изјави Флојд Мејведер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON