Флојд Мејведер се враќа во Јапонија. Легендата на боксот договори егзибициски меч против јапонскиот ММА борец Микуру Асакура.
Борбата ќе се одржи во септември во организација на Ризин.
За непоразениот Мејведер тоа ќе биде четврти егзибициски боксерски меч откако ја заврши професионалната кариера во 2017 година со 50 победи.
„Сакам да го правам тоа. Сè уште уживам во борбите иако се само егзибициски, но секогаш давам се од себе. Ќе биде одлично во Јапонија. Тоа е само уште еден натпревар за мене, а на противникот ќе му биде чест да се бори против Флојд Мејведер“, изјави американскиот борец.
По победата против Конор Мек Грегор, поранешниот светски шампион боксираше на егзибициски мечеви против јапонскиот кикбоксер и ММА борец Теншин Насукава, познатиот јутјубер Логан Пол и непоразениот боксер Дон Мур.
View this post on Instagram