Флојд Мејведер со утешни зборови за Насукава: Сето ова беше забава!

Флојд Мејведер имаше лесна задача во рингот против јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава и за само 139 секунди заработи 9 милиони долари.

Мечот требаше да трае три рунди, при што Јапонецот толку настрада што по нејзиниот крај не можеше да ги сокрие солзите во очите. По егзибицијата во Токио, Мејведер се обиде да го утеши противникот, испраќајќи му охрабрувачки зборови.

„Ова беше само забава, ни беше многу интересно. Јас сум се уште непобеден, но истото важи и за Теншин, тој е вистински шампион и одличен борец. Држи ја главата горе“, му порача Мејведер на Насукава.

https://www.instagram.com/p/BsCGeCJBpx4/?utm_source=ig_embed

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON