Пред извесно време се појавија гласини дека Флојд Мејведер дека се наканува да купи ултра скапо возило. Па, купувањето веќе е факт, а новиот бисер во гаража му е еден од двата произведени автомобили во светот Koenigsegg CCXR Trevita.
Боксерот плати 4,8 милиони долари за новото милениче, кое може да развие брзина од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди. Максималната брзина на супер автомобилите е 402 км/ч.
Ова е уште една придобивка во неговата колекција на автомобили, проценета на 54 милиони долари, а вклучува Ферари, Порше, Ламборџини, Мерцедес, Бугати и други.
Тој исто така поседува и авион Gulfstream V во вредност од 47 милиони долари.