Се чини дека сите подготовки на Флојд Мејведер за дебито во УФЦ кафезот не се залудни. Претходно беше најавено дека ММА шампионот Тајрон Вудли зема да го подготовува пензионираниот боксер.
Минатата ноќ стана јасно дека Мејведер потпишал договор со УФЦ за само една борба за баснословна сума од 100 милиони долари. Борбата ќе биде против Конор Мек Грегор и веќе има дата, на 9 јуни на УФЦ 225 како главна борба.
Сè уште не е јасно колкав ќе биде хонорарот на Мек Грегор.
Тие се бореа, но во бокс меч, при што Мејведер забележа убедлива победа. Меѓутоа, во кафезот ќе се борат по ММА правилата, а тогаша работите ќе бидат поинакви.
Букмејкерите веќе почнаа со обложувањето, а Мејведер е сериозен аутсајдер во оваа борба – дури и повеќе од Мек Грегор во боксерскиот ринг.
https://youtu.be/jt3nvZC22ZY
Освен тоа, на овој настан, кој ќе биде најголем на организацијата, ќе се сретнат Јоел Ромеро – Роберт Витакер и Алистер Оверем – Картис Блједс.