Флојд Мејведер и Џон Готи се договорија за реванш на 11 февруари во Лас Вегас по неславниот крај на нивната борба минатата есен, но чудно, тие сè уште немаат место резервирано за таа цел, објави Токспорт.
Ваквата неорганизираност од страна на Мани е сосема несвојствена за него, што отвора прашања за самиот настан и дали тој воопшто ќе се одржи.
Планот во оваа фаза е двајцата да влезат во рингот во раните утрински часови во недела за македонските гледачи.