Флојд Мејведер е подготвен да се врати за скромни 600 милиони долари

Легендарниот Флојд Мејведер е категоричен дека нема да се врати на рингот, но има можност да се премисли. Во последните неколку недели објавуваше видеа на кои се гледа како тренира, а се појавија гласини дека Флојд се подготвува да се врати во рингот. Сепак, ова не е точно и непоразениот боксер само ја одржува формата.

43-годишната ѕвезда официјално се пензионира откако го нокаутира Конор Мек Грегор во 2017 година и ја заокружи својата статистика на 50-0. „Пари“  си има цена и изјави дека е подготвен да се врати, ако му понудат 600 милиони долари.

„Не, тоа се само гласини. Се пензионирав и завршив во боксот. Не боли да ја одржуваш формата. Не го правам тоа заради боксот. Нема да се борам со боксери. Завршив, во пензија сум и го сакам животот. Ако имам можност да се забавувам и да заработам 600 милиони, тогаш зошто да не?

Дури и повторно да е Мек Грегор. Тоа е заба е и бизнис. Нема да боксирам со боксери. Дали сега ќе се борам со борци? Не, во пензија сум. Но, јас не се повлеков од бизнисот“, рече Мејведер.

https://www.instagram.com/p/B_J1Nu-FAZS/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON