Легендарниот шампион во боксот Флојд Мејведер честопати беше критикуван за начинот на кој ги троши парите. Сепак, трагичната приказна на Xорџ Флојд очигледно го натера да размисли и да го одврзе ќесето. „Мани“ напишал чек на износ од 88.500 долари за покривање на трошоците за погребот на Џорџ.
Џорџ Флојд почина откако полицаецот по име Дерек Човин го уапси, а потоа го држеше на земја со коленото на вратот. Флојд го молел Човин да го ослободи затоа што не можел да дише, но офицерот не се мрднал и Џорџ ја изгубил свест и подоцна починал во болницата. Неговата смрт доведе до големи протести во многу градови во САД.
Леонард Елербер, извршен директор на „Мејведер промоции“, рече дека Флојд навистина ќе го покрие погребот. Леонард тврди дека Мевејдер сакал работите да останат тајна и направи многу слични работи во последните 20 години. Погребот на Џорџ Флојд ќе се одржи на 9 јуни. Семејството на Џорџ Флојд ја прифати понудата на Мејведер да ги плати трошоците за погребот, а боксерот не сака публицитет за гестот.
Floyd Mayweather’s cashier check in the amount of $88,500 for George Floyd‘s funeral services. pic.twitter.com/N3I8h4AETH
— Raging Babe (@RagingBabe) June 2, 2020
https://www.instagram.com/p/BzgtylNFhqE/?utm_source=ig_embed