Флојд е подготвен да се бори со Конор во Москва (ВИДЕО)

Флојд Мејведер објави дека е подготвен да се бори со Конор Мек Грегор во Москва.

Американската боксерска легенда е во посета на Русија. Тој отвори боксерска сала во Жуковка, а освен тоа одржа тренинг со млади таленти.

Според рускиот печат, Флојд добил неколку милиони долари од руски олигарх, за да го уважи настанот. За време на својата посета даде неколку интервјуа за медиумите.

„Ако имав избор, ќе ја изберам Москва, местото каде би го одржале мечот со Конор. Прво, треба да се да се прецизира конечно околу средбата, а потоа да го избираме место“, ијзави Мејведер.

Во своето претходно интервју Мејведер посочи дека мечот ќе се одржи во јуни, а веќе е резервирана сала во Лас Вегас за 10 јуни. Двајцата се уште не потпишале договор за средбата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON