Фјури заработи 10 милиони долари повеќе од Вајлдер по борбата во Лас Вегас

Спектакуларниот боксерски меч меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер беше во центарот на вниманието во изминатиот период, на крајот Британецот триумфираше во „трилогијата“ и го задржа шампионскиот појас на ВБЦ.

Токму третата борба привлече многу повеќе внимание отколку претходните две. Така, и заработката е многу поголема. Приходите само од ТВ емитувањето може да изнесуваат околу 100 милиони американски долари.

Фјури се очекува да заработи 30 милиони долари и 60 проценти од приходот од ППГ, додека Вајлдер треба да инкасира околу 20 милиони долари и останатите 40 проценти од неговата заработка.

Инаку, за првата борба во 2018 година, Вајлдер заработи „само“ четири милиони долари, еден повеќе од Фјури. Боксерите заработија повеќе во вториот меч, бидејќи и двајцата се вратија дома со вкупна заработка од околу 25 милиони. Фиксната заработка беше пет милиони за двајцата, но со бонуси, и двајцата собраа приближно 25 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON