Откако во јуни го порази претходно непоразениот Германец Том Шварц, Тајсон Фјури (28-0-1, 20 КО) во неговата следна борба во САД ќе се бори против непоразен Швеѓанец.
„Кралот на Ромите“ во својот втор меч во договор со Топ Ранк и ЕСПН на 14 септември во Лас Вегас ќе се бори против Ото Валин (20-0-1NC, 13 КО).
28-годишниот Валин е левак и нема значајни победи. Минатата година на поени го доби сонародникот Адријан Гранат. Рангиран е на 6-тото место во ВБА и 10-тото на ИБФ листата во тешка категорија.
Швеѓанецот беше спаринг партнер на Ентони Џошуа.
Доколку го победи Валин, Фјури треба да направи реванш на почетокот од следната година со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.
Во конкуренција за противник на Фјури беа уште Јохан Духаупас и Јуниор Фа.