Третиот меч меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер пак ќе се одржи во Лас Вегас, но овој пат битката ќе биде новиот фудбалски стадион „Алегиет“.
Ова го соопшти американскиот промотор Боб Арум, кој работи со шампионот на ВБЦ.
Пред неколку дена стана јасно дека организаторите на мечот се фокусирале на 19 декември, но во оваа фаза сè е несигурно и сето тоа зависи од ситуацијата со коронавирусот.
Сепак, Арум потврди дека новиот фудбалски стадион во Вегас е резервиран од нив за тој датум.
„Го резервиравме стадионот Алегиет за 19 декември“, изјави 88-годишниот Американец за ЕСПН.
„Во четврток ќе има средба од Националната фудбалска лига, која одлично ни одговара. Веднаш потоа започнува работата за ставање на рингот и сите потребни подготовки.
„Имаме неколку дена до сабота, кога ќе се одржи средбата“, додаде Арум.
Капацитетот на скоро готовиот стадион е 65.000 места, а треба да биде целосно подготвен за почетокот на сезоната во НФЛ во септември.